Компанијата „Елкос“ го отвори најголемиот трговски центар во источна Македонија

Bez autora
Nov 16 2014

Најголемиот трговски центар во Источна Македонија беше отворен во петок во штипската населба „Сењак“. Косовската групација „Елкос“ на површина од 5500 метри квадратни го отвори првиот ваков центар во земјава. Инвеститорот и сопственик на Елкос, Рамиз Ќелманди рече дека во овој објект се инвестирани 4 милиони евра. Планираме во Македонија да инвестираме 50 милиони евра, сега вработуваме околу 60 граѓани од 1000 што планираме да ги вработиме во блиска иднина. Елокос груп тргува со производи од регионот и од сите држави на светот. Нашата намера е да инвестираме 50 милиони евра, рече Ќелманди. Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев истакна дека благодарение на заложбите на Владата за привлекување на странски инвеститори, токму Штип го доби овој прв голем трговски центар.

Компанијата „Елкос“ го отвори најголемиот трговски центар во источна МакедонијаНајголемиот трговски центар во Источна Македонија беше отворен во петок во штипската населба „Сењак“.

Косовската групација „Елкос“ на површина од 5500 метри квадратни го отвори првиот ваков центар во земјава. Инвеститорот и сопственик на Елкос, Рамиз Ќелманди рече дека во овој објект се инвестирани 4 милиони евра.

„Планираме во Македонија да инвестираме 50 милиони евра, сега вработуваме околу 60 граѓани од 1000 што планираме да ги вработиме во блиска иднина. Елокос груп тргува со производи од регионот и од сите држави на светот. Нашата намера е да инвестираме 50 милиони евра“, рече Ќелманди.

Градоначалникот на Општина Штип, Илчо Захариев истакна дека благодарение на заложбите на Владата за привлекување на странски инвеститори, токму Штип го доби овој прв голем трговски центар.

„Сè она што го прави Владата на Република Македонија, преку создавање на амбиент и клима за привлекување на странски инвестиции денеска го гледаме и преку оваа инвестиција на дело во нашиот град. Оваа инвестиција од околу 4 милиони евра значи и вработување на околу 60 млади луѓе од нашиот град. Тоа е економската страна, преку која ние и како народи, како две соседни држави можеме да соработуваме и да ги продлабочуваме нашиоте врски и да воспставуваме пријателство“, рече Захариев.

Претставничката на Министерството за надворешни работи, Хилда Колевска истакна дека Владата сака да гради отворено стопанство и во таа насока на инвеститорите им нуди и добри услови.

Групацијата Елкос има планови да гради вакви Трговски центри и центри за откуп на зеленчук и овошје во Струмица, Гостивар, Тетово и Битола. Следната инвестиција во поглед на нов трговски центар ќе биде во Гостивар.

Новиот трговски центар на Елкос во Штип е прв од ваков тип, и нуди широк асортиман на производи. Цените се многу пониски од другите маркети а предноста е што на едно место може да се пронајде сè, од прехранбени производи, па сè до апарати за домаќинство.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik